Во операцијата Еуфратски штит истрелани уште 219 артилериски истрели врз 80 цели на ДАЕШ

Во рамките на операцијата Еуфратски штит која започна на 24 август и 42 дена како се спроведува беа истрелани уште 199 истрели со хаубици Фиртина и 20 истрели со повеќе цевни ракетни системи врз 80 цели на терористичката ДАЕШ

582575
Во операцијата Еуфратски штит истрелани уште 219 артилериски истрели врз 80 цели на ДАЕШ

Турските вооружени сили во рамките на операцијата Еуфратски штит која што беше започната на 24 август за исчистување на северниот дел на Сирија од терористичките елементи погодија 80 цели на терористичката организација ДАЕШ со 199 истрели со хаубици Фиртина и 20 истрели со повеќе цевни ракетни системи. 

Притоа беа уништени голем број наоружани позиции на терористите, 7 подвижни цели, 4 возила натоварени со оружје и 3 паркирани мотоцикли, а исто така беа уништени и 4 позиции наоружани со ракети Катјуша и неколку места за привремено засолнување. 

Од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега се истрелани над 8 илјади истрели на 1.800 терористички цели.

Вчера на 42-от ден од операцијата во областа Азез-Раи беа водени жестоки судири во кои беа повредени 10 опозиционери.

Во меѓувреме коалиционите сили реализираа силен воздушен напад врз утврдени елементи на терористичката организација ДАЕШ во областите Актарин, Ѓузел Мезра и Туркмен Бари.

Во операцијата беа убиени 12 терористи на ДАЕШ, а беа уништени и два згради на терористите и еден штабен центар од каде што се управува со операцијата во овие области.

Од друга страна во областите каде што е воспоставена контролата се уништени 28 мини и 1.004 експлозивни направи од рачна изработка.

Освен тоа на границата со Сирија продолжуваат и активностите за непрекинато извидување и набљудување со беспилотни летала Ѓозџу и Бајрактар.

Турските вооружени сили (ТВС) вложуваат максимална чувствителност за да не им се наштети на цивилите во подрачјето.

Со екипите на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при владата АФАД и на турската Црвена полумесечина Кизилај им се доставува здравствена услуга и три пати дневно им се раздава топол оброк на припадниците на Слободната сириска армија (ССА) и на цивилното население кое се наоѓа во подрачјето.



Слични вести