Турција и ЕУ потпишаа проект договор за поддршка на едукацијата на Сиријците

Со проектот се предвидува поддршка на интеграцијата на сириските деца кои се наоѓаат под привремена заштита кон образовниот систем на Турција

582513
Турција и ЕУ потпишаа проект договор за поддршка на едукацијата на Сиријците

Потпишан проектот за поддршка на образованието на Сиријците во Турција

Претставниците на Министерството за национално образование на Турција и делегацијата на ЕУ за Турција го потпишаа проектот за поддршка на едукацијата на Сиријците во износ од 300 милиони евра кои беа обезбедени од страна на ЕУ.

Со проектот се предвидува поддршка на интеграцијата на сириските деца кои се наоѓаат под привремена заштита кон образовниот систем на Турција.

Согласно проектот кој беше изготвен од страна на Министерството за образование на Турција, за 300 илјади сириски деца ќе се обезбеди настава на турски јазик, а за 40 илјади настава на арапски јазик.

На 10 илјади сириски деца ќе им се обезбеди дополнителна настава, а на 20 илјади образование со поддршка.

На околу 10 илјади Сиријци ќе им се даде дополнително, а на околу 20 илјади ученици поддршка во образованието.

За 50 илјади ученици ќе се обезбеди транспортни услуги.

Проектот се планира да заврши во рок од две години.



Слични вести