„Сириската војна е претворена во прокси војна на големите сили“

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин истакна дека сириската војна е една таква војна која што е претворена во прокси војна на големите сили

582926
„Сириската војна е претворена во прокси војна на големите сили“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во дадената изјава во програмата на една телевизија во врска со случувањата во Сирија истакна дека Турција вложува напори за воспоставување на примирјето во Сирија.

Калин рече: „Сириската војна е една таква војна која што е претворена во прокси војна на големите сили.“

Во врска со последната состојба на примирјето пак Ибрахим Калин истакна дека не е точно тврдењето дека опозиционерите не се придржувале кон примирјето и дека режимот беше тој кој не се придржуваше кон примирјето.

Објаснуваји дека во операцијата Еуфратски штит е дојдено и до ефикасна точка во операцијата против терористичката организација ДАЕШ, Ибрахим Калин рече: „Операцијата продолжува доста успешно. Сега целта е Ел Баб. Се прави чистење на теренот. Се мисли и Дабик постепено да биде земен под опсада и да се исчисти.“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во врска со екстрадицијата на челникот на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ рече: „Екстрадицијата на Ѓулен мора да се оствари. Американската управа треба јасно да ја види сликата.“



Слични вести