Путин на 10 октомври во понеделник ќе допатува во посета на Турција

Советникот на претседателот Путин, Јуриј Ушаков истакна дека Путин на 10 октомври во понеделник ќе отпатува посета на Турција каде што ќе се состане со претседателот Ердоган и ќе говори на Светскиот енергетски конгрес што ќе се одржи во Истанбул

582777
Путин на 10 октомври во понеделник ќе допатува во посета на Турција

Рускиот претседател Владимир Путин на 10 октомври во понеделник ќе допатува во посета на Турција каде што ќе се состане со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и ќе говори на Светскиот енергетски конгрес што ќе се одржи во Истанбул.

Во објавеното соопштение од страна на советникот на претседателот Путин за надворешнополитички прашања Јуриј Ушаков се вели следното: „Посетата на Путин на Турција ќе се оствари на 10 октомври. Путин ќе говори на Светскиот економски конгрес во Истанбул и ќе оствари директна средба со претседателот Ердоган.“

Претходно и портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека претседателот Владимир Путин на почетокот на октомври би можел да ја посети Турција.



Слични вести