Приврзаниците на терористичка ФЕТО бараат место за бегство на Фетулах Ѓулен

Пристигнуваат разузнавачки информации дека припадниците на терористичката организација бараат погодна земја за бегство на челникот

582862
Приврзаниците на терористичка ФЕТО бараат место за бегство на Фетулах Ѓулен

Министерот за правда Бекир Боздаг рече дека приврзаниците на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО бараат место за бегство на Фетулах Ѓулен, челникот на терористичката организација.

Министерот Боздаг во говорот на седницата на Собранието ги информираше пратениците за процесот на екстрадиција на Ѓулен, челникот на ФЕТО.

На прашањето на новинарите во врска со тврдењата дека челникот на терористичката организација може да побегне во три земји, министерот Боздаг рече:

Пристигнуваат разузнавачки информации дека припадниците на терористичката организација бараат погодна земја за бегство на челникот.

Министерот Боздаг ги потврди информациите дека челникот на ФЕТО бара алтернативна земја за бегство наспроти евентуалната можност за екстрадиција на САД и дека се точни разузнавачките информации за тоа дека припадниците на ФЕТО бараат погодна земја.

Боздаг меѓудругото потсети дека Турција на САД и достави многу јасни документи и докази за привременото апсење на Ѓулен.



Слични вести