„Во Сирија се има за цел да се формира безбеден простор од 5 илјади квадратни километри“

Претседателот Ердоган во интервју за телевизијата Ротана со седиште во Катар истакна дека во северниот дел на Сирија се има за цел да се формира безбеден простор со површина од 5 илјади квадратни километри

581327
„Во Сирија се има за цел да се формира безбеден простор од 5 илјади квадратни километри“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган даде интервју за телевизијата Ротана со седиште во Катар во кое направи проценка на случувањата во регионот.

Ердоган истакна дека во северниот дел на Сирија се има за цел да се формира безбедна зона на забранети летови и за враќање на народот назад во своите домови да се исчисти од терористичките елементи простор со површина од 5 илјади квадратни километри.

Велејќи дека во северниот дел на Сирија се делува во соработка со умерените опозиционери, претседателот Ердоган напомена дека во Џераблус кој во рамките на операцијата Еуфратски штит е исчистен од терористичката организација ДАЕШ назад во своите домови се вратија 30 до 40 илјади лица.

Ердоган рече: „Мосул им припаѓа на Мосулчани, Телафер на Телаферчани. Никој нема право да дојде од надвор и да влезе овде. И откако Мосул ќе биде спасен од терористичката организација ДАЕШ овде треба да останат само сунитските Арапи, Туркменците и сунитските Курди.“

Велејќи „За нашите браќа бегалци потрошивме 12 милијарди долари. Тоа е наш човечки долг“, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека Западот бега од одговорност и дека меѓународните организации за сириските бегалци потрошија само 520 милиони долари.

Ердоган истакна дека Бешар Асад во Сирија кој уби 600 илјади свои граѓани треба да се замине и дека не е можно да продолжи да остане на власт.

Претседателот Ердоган привлече внимание дека сите стапици и планови се свртени кон исламскиот свет и дека затоа земјите од исламскот свет треба да бидат во меѓусебна соработка и солидарност.

Ердоган нагласи дека нормализирањето на односите помеѓу Египет и Турција е поврзано со ослободувањето на поранешниот претседател Мухамед Мурсо кој беше оддалечен од власт со воен удар и на сите противници на воениот удар во оваа земја.



Слични вести