Во Бејтушшебап на тромеѓето меѓу Ван, Ширнак и Хаќќари убиени 11 терористи на ПКК

Во подрачјето на Фарашин-Бејтушшебап кое се наоѓа на тромеѓето меѓу Ван, Ширнак и Хаќќари се убиени 11 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

582093
Во Бејтушшебап на тромеѓето меѓу Ван, Ширнак и Хаќќари убиени 11 терористи на ПКК

Во реализираните операции во подрачјето на Фарашин-Бејтушшебап кое се наоѓа на тромеѓето меѓу градовите Ван, Ширнак и Хаќќари и се смета како едно од главните подрачја каде е вгнездена сепаратистичко-терористичката организација ПКК внатре во границите на земјата се убиени 11 терористи.

Во рамките на започнатата операција од широки рамки на 26 септември е реализирана воздушна операција на група припадници на терористичката организација на планината Инџебел во Фарашин.

Според првичните претпоставки во операцијата се убиени најмалку 5 терористи.

Една друга утврдена терористичка група составена од 6 лица пак во југоисточниот дел на областа во која е реализирана воздушната операција е неутрализирана со вооружено беспилотно летало.

Операцијата во подрачјето продолжува.



Слични вести