„Обидот за државен удар на 15 јули претставува нова генерација терористичка акција“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека обидот за државен удар на 15 јули на кој што беше подложена Турција истовремено претставува нова генерација терористичка акција

581947
„Обидот за државен удар на 15 јули претставува нова генерација терористичка акција“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган говореше на Конференцијата за наука и технологија во Анкара и притоа го повика западниот свет да биде искрен во борбата против терористичките организации.

Изнесувајќи ја својата примедба кон земјите кои ја оставија Турција сама во бегалскиот проблем, Ердоган исто така покажа реакција и против САД кои не го екстрадираат челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Ердоган рече: „Тогаш кога САД бараат некој терорист од нас ние го пакуваме и им го предаваме. Но ние истото не го видовме од нашиот стратешки партнер. Тогаш кога зборваме ни велат тоа да не го правиме со посредство на медиумите. Да не го правиме, но ние ионака тоа го споделуваме со вас, меѓутоа еден терорист се уште 17 години го продолжува своето владение на посед од 400 хектари и се уште не ни го предавате. Бидејќи тоа го велам секаде слободно го велам и овде. Или ќе изгледаш онака како што си, или ќе бидеш онака како што изгледаш. Ние сметаме дека е корисно целиот свет да биде во претпазливост против слични терористички акции.“

Велејќи дека заканата од тероризмот која што продолжува во Сирија и Ирак напредува на патот за да се глобализира, претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „Поради ДАЕШ која нема никаква рационална причина чекор по чекор се уништуваат најдревните народи на историјата на човештвото. По тој повод би сакал да го нагласам тоа дека не е можно да се изнајде репение за проблемите во нашиот регион пред се без да се презентира принципиелен став особено против терористичките организации.“

Ердоган напомена дека голем број луѓе во јужна Азија поради нивното верување и нивното етничко потекло беа подложени на систематски геноцид пред очите на светот.

„Бегалскиот проблем како еден од непосакуваните ефекти на тероризмот им е поставен на грбот на само неколку земји на чело со Турција. Развиените земји не направија и не прават ништо пред оваа состојба освен тоа што ги затвораат своите граници и градат ѕидови. Истата индиферентност важи и во однос на прашањето на борбата против терористичките организации. Стануваме сведоци на тоа дека и тероризмот ја менува својата форма. Обидот за државен удар на 15 јули на кој што беше подложена нашата земја истовремено претставува нова генерација терористичка акција.“

Велејќи го и тоа дека не функционираат ниту механизмите како Обединетите Нации кои би требале да бидат предводници во име на меѓународната заедници во решавањето на сите проблеми, претседателот Ердоган рече: „Светот брзо се вовлекува кон еден опасен период на хаос. Ние како Турција се спротивставуваме на овој проблематичен тек и велиме дека ’Светот е поголем од 5’ “.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган нагласи дека за 2023 година на 100-годишнината од формирањето на Република Турција се поставени мошне значајни цели и додаде дека во тие рамки ќе бидат уште повеќе интензивирани и активностите во сферата на науката и технологијата.

„Чекорите кои што ги фрламе во моментов во сферата на одбранбената индустрија се гледаат. Веќе ги градиме нашите сопствени бродови. Турција е додјена во положба на земја која самата го произведува сопственото беспилотно летало опремено и со оружје. Нашето беспилотно летало помина од тестирања и добро функционира. Дојдени сме до таа точка.“



Слични вести