„Ќе продолжиме да ги поддржуваме кримските Татари пред притисоците на кои се подложени“

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Танжу Билгич даде изјави во врска со одобрувањето на одлуката на Русија за забранување на активностите на Кримското татарско национално собрание

582029
„Ќе продолжиме да ги поддржуваме кримските Татари пред притисоците на кои се подложени“

Турција истакна дека ќе продолжи да застанува во одбрана на кримските Татари пред притисоците на кои се подложени.

Портпаролот на турското министерство за надворешни работи Танжу Билгич даде изјави во врска со одобрувањето на одлуката на Русија за забранување на активностите на Кримското татарско национално собрание.

Билгич рече: „Активностите на Кримското татарско национално собрание кое е легитимно претставничко тело на нашите сонародници кримските Татари на 26 април 2016 година беа забранети од страна на судот на де факто администрацијата на Крим и ние нашата реакција по ова прашање ја изнесовме со објавување на официјално соопштение. Со жалење е дочекано одобрувањето на одлуката за забрана од страна на Врховниот суд на Руската Федерација кој по доставените приговори ја разгледа оваа одлука. Буди жалење тоа што со овие видови методи кои го презентираат сфаќањето на колективно казнување се сака да се земат под притисок кримските Татари кои своите легитимни барања секогаш ги изнесуваат со демократски и мирољубиви методи и кои немаат друга цел освен да живеат во спокојство, безбедност и да можат слободно да ги изнесуваат своите размислувања. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме кримските Татари пред овие притисоци на кои се подложени.“  



Слични вести