„Економската оценка на Турција не можат да ја одредат само неколку рејтинг агенции“

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека економската оценка на Турција не можат да ја одредат само неколку рејтинг агенции

582044
„Економската оценка на Турција не можат да ја одредат само неколку рејтинг агенции“

Премиерот Бинали Јилдирим во говорот што го одржа на приемот на делегацијата на Конфедерацијата на еснафите и занаетчиите на Турција (ТЕСК) направи проценка на последните случувања во економијата и истакна дека показателите се во позитивна насока.

Јилдирим напомена дека економската оценка на Турција не можат да ја одредат само неколку рејтинг агенции.

Критикувајќи ја одлуката на меѓународната рејтинг агенција Мудис за намалување на кредитната оценка на Турција, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Нашата оценка не можат да ја одредат само неколку рејтинг агенции. Нашата оценка ја одредуваат еснафите и граѓаните. Секој да си го знае своето место.“

освен тоа Јилдирим истакна дека борбата против Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ треба да се води заеднички со сите средини на општеството.

„Скапо ќе им ја наплатиме сметката на оние кои доброволните приходи кои што ги собираа им ги доставуваа на странските лоби средини. Секако дека ќе видат дека тоа нема никому да му остане како заработка. Никако немојте да дозволите меѓу вас да влезат сепаратисти и припадници на терористичката ФЕТО. Исчистете ги овие микроби во себе. Тие немаат никаква корист и за народот. Овој проблем е голем.“ - потенцираше премиерот Бинали Јилдирим во говорот што го одржа на приемот на делегацијата на Конфедерацијата на еснафите и занаетчиите на Турција (ТЕСК).



Слични вести