Премиерот Бинали Јилдирим: Вонредната состојба не влијае негативно на животот на граѓаните

Премиерот Бинали Јилдирим истакна дека прогласената вонредна состојба не влијае негативно на животот на граѓаните

580929
Премиерот Бинали Јилдирим: Вонредната состојба не влијае негативно на животот на граѓаните

Премиерот Бинали Јилдирим на приемот што беше приреден синоќа од страна на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман по повод свеченото отворање на 26-та сесија од новата втора законодавна година на Собранието одговараше на прашањата на новинарите.

Јилдирим истакна дека прогласената вонредна состојба не влијае негативно на животот на граѓаните, дека  не треба да се чека да истече рокот на сегашните 3 месеци од вонредната состојба и дека одлуката за продолжување на рокот на вонредната состојба треба да биде доставена до Собранието и да бидат направени неопходните работи по ова прашање.

Во врска со тврдењата околу тоа дека времетраењето на вонредната состојба може да продолжи 12 месеци, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Постои препорака за продолжување на вонредната состојба за уште 3 месеци и надвор од тоа било какво прашање не се наоѓа на нашиот дневен ред.“ 

Во однос на тврдењата за нов обид за преврат пак, премиерот Бинали Јилдирим одговори со следните зборови: „Тоа се лаги во правец на создавање неспокојство во општеството во чија позадина се наоѓа екипата на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО. Со тоа имаат за цел да ги онеспокојат и вознемирет луѓето и да го нарушат спокојството и мирот во општеството. Тоа не треба да се оцени за сериозно. Нашата влада и нашите институции ги преземаат потребните мерки. Ако се обидат да направат една таква лудост овојпат ќе платат потешка сметка од онаа на 15 јули.“

Премиерот Бинали Јилдирим ги демантираше и вестите за ревизија на владиниот кабинет.



Слични вести