Појаснување од МНР за тврдењата во врска со некои острови и гребени во Егејското Море

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се нагласува дека тврдењата околу тоа оти Турција суверенитетот на некои острови или гребени во Егејското море ги предала на друга земја се целосно невистинити

581113
Појаснување од МНР за тврдењата во врска со некои острови и гребени во Егејското Море

Турското министерство за надворешни работи донесе појаснување за тврдењата во врска со некои острови и гребени во Егејското Море.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се нагласува дека тврдењата околу тоа оти Турција суверенитетот на некои острови или гребени во Егејското море ги предала на друга земја се целосно невистинити.

Во соопштението се вели дека во Егејското Море постојат низа проблеми со Грција и дека за овие проблеми се разговара помеѓу двете страни во рамките на каналите за дијалог. 

Во соопштението на министерството за надворешни работи се додава и тоа дека во последните 13 години нема било какви проблеми во контекст на правниот статус на некои острови и гребени во Егејското Море.



Слични вести