Денес свечено се отвора Големото национално собрание на Турција

Генералното заседание најпрвин ќе го разгледа одобрението на Владата за испраќање војници во странски земји

580591
Денес свечено се отвора Големото национално собрание на Турција

Денес почнува со работа Втората законодавна година на 26-от период на Собранието

Денес свечено се отвора Големото национално собрание на Турција

Собранието кое на одмор замина на 20 август ќе биде сцена на низа новини.

Согласно имплементациите кои започнаа по обидот за воен удар на 15 јули од страна на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ), претседателот Ердоган ќе биде пречекан од страна на воена гарда од специјално избрани војници.

Со укинувањето на претседателската гарда, на дневниот ред беше изнесен предлогот за формирање гарда составена од полицајци.

Но по дискусиите што беа водени, на крајот беше донесена одлука оваа должност повторно да им се даде на војниците.

Генералштабот избра 160 војници кои ќе бидат задолжени во гардата.

Според правилата на протоколот, претседателот Ердоган ќе биде испратен од страна на два тима од 20 војници.

Говорот на претседателот Ердоган на годинашново свечено отворање на законодавната година ќе содржи значајни пораки во врска со борбата против терористичката ФЕТО.

По свеченото отворање на Собранието, Генералното заседание најпрвин ќе го разгледа одобрението на Владата за испраќање војници во странски земји чиј рок завршува на 2 октомври.

Со усвојувањето на одобрението се планира на Владата да и се даде овластување за продолжување на прекуграничните операции во Ирак и Сирија.

По свеченото отворање на Големото национално собрание на Турција ќе се одржи традиционалниот прием.

Во знак на респект на хероите кои загинаа на 15 јули на приемот нема да има музика.



Слични вести