Претседателот Ердоган го прими саудискиот принц Ел Сууд

Ердоган го пречека принцот престолонаследник на Саудиска Арабија пред претседателската палата во Анкара

580427
Претседателот Ердоган го прими саудискиот принц Ел Сууд

Претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган денес го прими принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед бин Најф бин Абдулазиз ел Сууд.

Претседателот Ердоган го пречека принцот Ел Сууд со сите државни почести, по што нивната средба продолжи зад затворени врати.

Инаку официјалната саудиска делегација во Анкара допатува вчера а синоќа се одржа средба  меѓу премиерот Бинали Јилдирим и принцот престолонаследник на Саудиска Арабија ел Сууд. Состанокот заврши со констатацијата за унапредување на соработката во борбата против тероризмот.

Принцот ел Сууд се состана и со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

Во Анкара се одржа и средбата меѓу министерот за економија Нихат Зејбекчи и саудискиот министер за трговија и инвестирање Маџид бин Абдула ел Касаби.



Слични вести