Анкара и Ријад имаат идентични ставови за одредени регионални прашања

Премиерот бинали Јилдирим го прими принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед бин Најф бин Абдулазиз ес Сууд кој вчера во вечерните часови допатува во Анкара

579957
Анкара и Ријад имаат идентични ставови за одредени регионални прашања

Премиерот бинали Јилдирим го прими принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед бин Најф бин Абдулазиз ес Сууд кој вчера во вечерните часови допатува во Анкара.

Прва станица на принцот престолонаследник кој што се смета за втор човек во Ријад беше кабинетот на премиерот Бинали Јилдирим.

Во разговорот зад затворени врати и во официјалните разговори беа разменети мислења за билатералните и регионалните како и актуелните меѓународни прашања со акцент на енергијата и економијата.

Премиерот Јилдирим се заблагодари за поддршката на Саудиска Арабија на Турција во борбата против пучистите на 15 јули во обидот за воен удар во земјава. Што се однесува до борбата против тероризмот премиерот Јилдирим истакна дека ќе продолжи постојната соработка со Саудиска Арабија на тоа поле. Јилдирим подвлече дека Анкара и Ријад имаат идентични ставови за одредени регионални прашања и дека контактите  и размената на мислења ќе продолжат и во иднина било во однос на ситуациите во Сирија и во Ирак било за ситуацијата во Персискиот залив и пошироко.

Принцот престолонаследник на Саудиска Арабија Мухамед бин Најф бин Абдулазиз ес Сууд рече дека историските и културните врски и односи меѓу Турција и Саудиска Арабија се основата за продлабочување на веќе постојата соработка меѓу двете земји а во рамките на визијата која ја утврдија претседателот Реџеп Тајип Ердоган и кралот на Саудиска Арабија Селман. Соработката меѓу Турција и Саудиска Арабија има клучно значење како за регионалната безбедност така и за просперитетот и за стабилноста, додаде принцот Мухаммед бин Најф бин Абдулазиз ес Сууд.



Слични вести