„Вонредната состојба е за водење на ефикасна борба против терористичките организации ФЕТО и ПКК“

Претседателот Ердоган во своето обраќање на 27-та средба со претседателите на општини истакна дека вонредната состојба е за водење на ефикасна борба против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и сепаратистичко-терористичката организација ПКК

579599
„Вонредната состојба е за водење на ефикасна борба против терористичките организации ФЕТО и ПКК“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во претседателската палата во Бештепе во Анкара говореше на 27-та Средба со претседателите на месни заедници и притоа истакна дека вонредната состојба е за водење на ефикасна борба против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО и сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во своето обраќање пред престедателите на месни заедници претседателот Ердоган одговараше на критиките во врска со вонредната состојба во врска со што рече: „Во Франција постои 3 месеци, плус 3 месеци и како последно уште 6 месеци вкупно едногодишна воредна состојба. Дали некој и вели на Франција ’Вие зошто прогласивте вонредна состојба од една година’ “.

Ердоган рече: „Никој нам да не ни определува календар и никој да не ја зацртува нашата патна карта. Оваа патна карта ја утврдува владата на оваа земја и ја утврдуваат институциите на оваа земја. Сега овие (Западниот свет) се обидува да ни зацрта патна карта. Кога вие и станавте пријател на Турција и ја дадовте неопходната поддршка? Сите чекаа овој обид за преврат на 15 јули да реаултира успешно. До нас пристигнаа информациите за сите нив.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека на вчерашниот состанок на Советот за национална безбедност и беше препорачано на владата 15 јули отсега да се слави како Ден на демократијата и слободите, а воедно рече дека веќе 15 јули ќе биде прогласен за ден на сеќавање на шехидите и газиите и ќе биде неработен ден. 

Осврнувајќи се и на врската помеѓу терористичките организации ПКК и ФЕТО, претседателот Ердоган рече: „За порастот на терористичките акции на ПКК во последно време постои единствена причина, а таа е намалување на притисокот врз ФЕТО и свртување на вниманието на Турција од Сирија.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган покажа остра реакција и на одлуката на меѓународната агенција за рејтинг Мудис за намалување на кредитната оценка на Турција во врска со што рече: „Намалувајте колку што сакате. Вистината за Турција не е таа. Турција ги продолжува своите инвестирања, го продолжува својот просперитет, продолжува да се развива и да зајакнува. Вие сте далеку од вистината за Турција. На овие ставете им само неколку круша во џеб, земете ја саканата оценка. Овие работат на тој начин. Ионака знаеме од каде ги добиваат директивите.“



Слични вести