Во терористички напад во Јуксекова кај Хаќќари животот го загубија тројца селски чувари

Група припадници на терористичката органзиација ПКК реализираа напад на селските чувари во близина на населеното место Јуксекова кај Хаќќари во кој животот го загубија тројца селски чувари, а двајца селски чувари се повредени

579207
Во терористички напад во Јуксекова кај Хаќќари животот го загубија тројца селски чувари

Во реализиран напад од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во близина на населеното место Јуксекова во округот Хаќќари животот го загубија тројца селски чувари, а двајца селски чувари се повредени.

Нападот беше извршен врз селските чувари кои ја воспоставуваа безбедноста на градежните машини кои работеа на еден пат во близина на населеното место Јуксекова кај Хаќќари.

Повредените селски чувари се префрлени на лекување во Државната болница во Јуксекова.

Веднаш по нападот во областа беа испратени голем број оклопни возила  и беше започната операција поддржана и од воздух.  



Слични вести