Советот за национална безбедност со препорака за продолжување на вонредната состојба

Од вчерашниот вонреден состанок на Советот за национална безбедност произлезе препорака за продолжување на вонредната состојба во земјата

579073
Советот за национална безбедност со препорака за продолжување на вонредната состојба

Од вчерашниот вонреден состанок на Советот за национална безбедност кој се одржа во претседателската палата во Бештепе во Анкара и со кој претседаваше претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган произлезе препорака за продолжување на вонредната состојба во земјата.

Состанокот траеше некаде околу 6 часа.

Во објавеното соопштение по состанокот беше истакнато дека беа обемно разгледани активностите кои што се водат за воспоставување на спокојството и безбедноста на граѓаните и јавниот поредок во земјата.

Во тие рамки беше наведено дека било обемно разговарано за операциите кои што се реализираат внатре во границите на земјата и преку границата како и мерките кои што се преземаат против Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ која претставува закана за националната безбедност на Турција, соработува со другите терористички организации и изврши предавство на сопствената земја, потоа сепаратистичко-терористичките организации ПКК и ПЈД/ЈПГ и терористичката организација ДАЕШ.

Во соопштението се вели следното: „Беше одлучено да се препорача да се продолжи вонредната состојба со цел да се обезбеди продолжеток на ефикасното применување на мерките во правец на одбраната на нашата демократија, принципот на правна држава и правата и слободите на нашите граѓани.“

Освен тоа на вонредниот состанок на Советот за национална безбедност беше препорачано 15 јули, датумот кога беше извршен обидот за преврат да се слави како Ден на демократијата и слободите во Турција.

Во соопштението по состанокот воедно се нагласува дека од животно значење за мирот во светот е со заеднички сили на меѓународната заедница да се уништат тероризмот и терористичките организации, без притоа да се прави било каква разлика меѓу нив, по што се додава следното: „Со загриженост е дочекан индиферентниот став што го презентираат некои пријателски и сојузнички земји на ЕУ во однос на активности како што се поставување на симболите на терористичката организација ПКК во просториите на Европскиот парламент и одржувањето на изложби и состаноци од страна на сепаратистичко-терористичките организации ПКК/ПЈД-ЈПГ. Притоа е направена проценка дека тероризмот е доведен во положба на средство на меѓународната политика, па дури и дега тероризмот се поттикнува. Беше нагласено дека треба сигурно да се направи заедничко меѓународно дефинирање на тероризмот, а исто така беше подвлечено и значењето на соработката за спречување на различните применувања.“

На вонредниот состанок на Советот за национална безбедност беше направена проценка и на операцијата Еуфратски штит во врска со која уште еднаш беше истакнато дека првата од двете првенствени цели на операцијата е да се воспостави пограничната безбедноста на Турција и да се обезбеди животната и материјалната безбедност на населението во подрачјето, а втората цел е целосно исчистување на овдешните терористички елементи ДАЕШ и ПЈД-ЈПГ и поддржување на Слободната сириска армија за целовитоста на Сирија. 

Во соопштението беше наведено дека операцијата се реализира во рамките на легитимното право на самоодбрана на Турција кое произлегува од меѓународните норми земајќи го притоа во предвид  територијалниот интегритет на Сирија и дека при реализација на оваа операција се покажува максимална чувствителност за да не му се наштети на цивилното населние во подрачјето.

Во соопштението освен тоа уште еднаш беше ставено акцент на предлогот за прогласување на безбедносна зона и зона на забранети летови и беше подвлечено следното: „Беше потцртано дека е неопходно на местото на аегашниот режим кој не располага со способност за обединување на сирискиот народ и обезбедување соживот по процесот на транзиција да се формира нова власт во која ќе учествуваат сите инволвирани страни и која ќе ги исполни очекувањата и чувствителноста на сирискиот народ за единствена држава и правична застапеност, а со цел Сирија повторно да стане слободна, спокојна и просперитетна земја.“



Слични вести