Премиерот Бинали Јилдирим го прими данскиот министер за надворешни работи Кристијан Јенсен

Премиерот Бинали Јилдирим на приемот на данскиот министер за надворешни работи Кристијан Јенсен истакна дека се цени пораката на Данска за солидарност и нагласи дека Турција во ист момент води борба против терористичките организации ФЕТО, ПКК и ДАЕШ

579637
Премиерот Бинали Јилдирим го прими данскиот министер за надворешни работи Кристијан Јенсен

Премиерот Бинали Јилдирим во владиниот дворец Чанкаја во Анкара го прими данскиот министер за надворешни работи Кристијан Јенсен.

Јилдирим истакна дека од големо значење е да се води ефикасна соработка помеѓу сојузниците и партнерите во борбата против Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ и терористичките организации ПКК и ДАЕШ. 

Данскиот министер за надворешни работи Кристијан Јенсен истакна дека по предавничкиот обид за преврат на 15 јули данската влада е во солидарност со Турција и дека неговата земја изразува желба за продолжување на унапредувањето на билатералните односи и блискиот политички дијалог со нивно интензивирање. 

Премиерот Бинали Јилдирим пак рече дека се цени пораката на Данска за солидарност и нагласи дека Турција во ист момент води борба против терористичките организации ФЕТО, ПКК и ДАЕШ.

Освен тоа Јилдирим додаде дека Турција ќе продолжи да работи по прашањето на унапредување до уште понапреден степен на билатералната соработка со Данска која е проширена во еден широк спектар.



Слични вести