Огромна заинтересираност кон објавените пораки на претседателот Ердоган на Твитер

Објавените пораки на претседателот Ердоган на Твитер прочитани 160 милиони пати, а неговите објавени пораки во последните 3 месеци беа лајкувани од страна на 2 милиони 700 илјади корисници

579038
Огромна заинтересираност кон објавените пораки на претседателот Ердоган на Твитер

Пораките кои што се споделуваат преку официјалната сметка на претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган на социјална мрежа Твитер беа прочитани 160 милиони пати.

Според добиени информации пораките на претседателот Ердоган кои во последните 3 месеци беа објавени преку неговата официјална сметка на Твитер беа лајкувани од страна на 2 милиони 700 илјади корисници.

Твитовите на 4 јазици во кои беа споделени делови од говорот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган пред Генералното собрание на ОН пристигнаа до над 15 милиони лица.

Твитовите на Ердоган од страна на 1 милион корисници на Твитер беа споделени (ретвитирани) преку своите сопствени сметки, а 217 илјади корисници напишаа коментар во врска со неговите објавени твитови.

Од друга страна најмногу прочитан твит кој доби најголема интеракција од 6 милиони 19 илјади 774 беше твитот: „Денеска велејќи #ЕденНародЕдноСрце (#TekMilletTekYürek) ја изразувам мојата благодарност до мојот народ кој уште еднаш му ја покажа својата племенитост на светот.“



Слични вести