Изненаден безбедносен самит во претседателската палата

Во претседателската палата во Бештепе во Анкара се одржа изнанаден безбедносен самит со кој претседаваше претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

578313
Изненаден безбедносен самит во претседателската палата

Пред состанокот на Советот за национална безбедност во претседателската палата во Бештепе во Анкара се одржа изненаден безбедносен самит.

На безбедносниот самит со кој претседаваше претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган учествуваа и премиерот Бинали Јилдирим, началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за одбрана Фикри Ишик и високи функционери за безбедност.

Безбедносниот самит траеше приближно 2 и пол часа и главна точка на дневниот ред беше тероризмот.

Меѓу значајните наслови за кои беше разговарано беа операциите кои што се реализираат против сепаратистичко-терористичката организација ПКК и случувањата во Сирија. 

На маса беа поставени и последната состојба во операцијата Еуфратски штит која што продолжува во северниот дел на Сирија и деталите во борбата против терористичката организација ДАЕШ.

Освен тоа уште еднаш беше преразгледана и пограничната безбедност, а на дневен ред беа поставени и деталите на борбата против Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ.

Притоа беше направена проценка на процесот до кој што е дојдено во покренатите истраги и меѓународната организираност на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ.



Слични вести