Ибрахим Калин: Повикот на Турција за формирање безбедносни зони во Сирија е итен и животоспасувачки

Портпаролот на претседателот Ердоган, Ибрахим Калин во својата статија за весникот „Дејли Сабах“ истакна дека повикот на Турција за формирање безбедносни зони во Сирија е итен и спасоносен

578153
Ибрахим Калин: Повикот на Турција за формирање безбедносни зони во Сирија е итен и животоспасувачки

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин во својата статија за весникот „Дејли Сабах“ под наслов „Безбедносните зони ќе ги спасат животите и нашето човештво“ укажа на тоа дека додека Алепо продолжува да гори светот останува посматрач.

Калин напомена дека повикот на Турција за формирање безбедносни зони во Сирија е итен и спасоносен.

„Неактивноста на меѓународната заедница само ја подготвува основата за варварство на Асадовиот режим, ја проширува заканата од ДАЕШ и станува причина за гинење на уште поголем број недолжни луѓе.“ - напиша Ибрахим Калин.

Велејќи дека криминалната банда во Алепо не се бави со постигнување мир или политичка транзиција, Калин рече: „Ако постои нешто кое што го научивме во последните 5 години од оваа безмилосна војна е тоа дека формирањето на безбедносна зона претставува единствена опција која што би можела да се применува за да се стави крај на овие луди колективни убиства, уништувањето на градовите и за да се сопре приливот на илјадници бегалци во Турција и други земји. Безбедносните зони ќе претставуваат поддршка во заштитата на цивилите од убиствата кои што ги вршат монструмите близнаци во Сирија, Асадовиот режим и ДАЕШ. Ќе го намалат бројот на бегалците и ќе обезбедат места каде што ќе можат да се засолнат луѓето кои се раселени внатре во земјата. Ќе обезбедат можност ОН и другите организации да ги организираат нивните активности за доставување хуманитарна помош.“ 

Ибрахим Калин истакна дека таканаречените тешкотии за формирање безбедносни зони во Сирија повеќе од вистински грижи се согледуваат како изговори, а исто така напомена дека е постигнат успех во борбата против терористичката организација ДАЕШ и дека тоа и не е помалку ризично од воен аспект.

„Да се бараат патиштата за формирање безбедносни зони во Сирија е посмисловно од политички и морален аспект наместо да се моли виновниот Асадов режим за постигнување прекин на огнот или мир. Меѓународната заедница располага со свои инструменти за постигнување на оваа цел. Меѓутоа глобалната политика на жалосен и срамен начин не располага со политичка волја и морална визија. Овој најголем морален срам на времето во кое живееме и не би можел повеќе да се толерира кога ќе се земе во предвид тоа дека заедно со сирискиот народ умира и нашето човештво.“ - истакна портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, во својата статија за весникот „Дејли Сабах“ под наслов „Безбедносните зони ќе ги спасат животите и нашето човештво“.

 



Слични вести