Во операцијата Еуфратски штит истрелани уште 210 истрели врз 69 цели на ДАЕШ

Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија истрелаа уште 210 истрели со хаубици Фиртина врз 69 цели на терористичката организација ДАЕШ

576818
Во операцијата Еуфратски штит истрелани уште 210 истрели врз 69 цели на ДАЕШ

Во рамките на операцијата Еуфратски штит која што ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС) на 24 август во северниот дел на Сирија се истрелани уште 210 истрели со хаубици Фиртина врз 69 цели на терористичката организација ДАЕШ.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека сириските опозиционери повторно ја воспоставија контролата во населените места Сандарах, Кадриш и Бахвуртах западно и Шанди источно од Раи.

Според соопштението врз 69 утврдени цели на ДАЕШ со средства за извидување и набљудување се истрелани 210 истрели со хаубици Фиртина.

На тој начин од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега се истрелани вкупно 5.007 истрели врз 1.289 цели на ДАЕШ.

Во меѓувреме од страна на воени авиони на Турските воздушни сили беа фрлени 3 бомби врз 2 цели во Тал Атијах и Шанди и беа уништени 2 згради на ДАЕШ.

Во 5 воздушни операции реалзиирани од страна на коалиционите сили пак беа неутралзиирани 7 терористи на ДАЕШ и беа уништени една позиција наоружана со хаубица, една одбранбена позиција и една зграда.

Освен тоа во областите исчистени од терористичката организација ДАЕШ се уништени и 26 мини и 971 експлозивна направа од рачна изработка. 



Слични вести