Во операциите кај Јуксекова-Хаќќари убиени 9 терористи на ПКК

Во операциите поддржани и од воздух во руралното подрачје на населеното место Јуксекова во округот Хаќќари се убиени 9 терористи на ПКК

576822
Во операциите кај Јуксекова-Хаќќари убиени 9 терористи на ПКК

Во реализираните операции поддржани и од воздух во руралното подрачје на населеното место Јуксекова во округот Хаќќари се убиени 9 припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од страна на Генералштабот се истакнува дека во операциите биле уништени и една наоружана позиција и една пештера која била користена од страна на терористите за засолнување во подрачјето.

Во сопштението се вели дека операциите во подрачјето продолжуваат и дека досега во округот Хаќќари се убиени вкупно 323 терористи на ПКК.

Од друга страна во моментот на поминување на војници кои ја воспоставуваа безбедноста на магистралниот пат Хаќќари-Чукурџа експлодира експлозивна направа од рачна изработка.

Во експлозијата беа ранети троца војници кои веднаш беа префрлени на лекување во болница.



Слични вести