Во експлозија кај Мардин животот го загубија четворица војници

Во близина на градот Мардин експлодира експлозивна направа поставена на патот од страна на терористи на ПКК и во кукавичкиот напад животот го загубија четворица војници, а 6 војници се ранети

577473
Во експлозија кај Мардин животот го загубија четворица војници

Во експлозија на поставена експлозивна направа на патот од страна на припадници на сеператистичко-терористичката организација ПКК кај градот Мардин животот го загубија четворица војници, а 6 војници се ранети.

Поставената експлозивна направа беше активирана во моментот на поминување на цивилно возило кое превезуваше војници и селски чувари.

Ранетите војници со помош на амбулантни возила кои беа испратени на местото на нападот беа префрлени на лекување во болниците во населените места Дерик и Кизилтепе кај градот Мардин.

За фаќање на терористите кои по кукавичкиот напад избегале е започната операција во подрачјето.



Слични вести