„Поддршката на меѓународната заедница на Турција за бегалците е недоволна и мала“

Министерот за ЕУ Омер Челик истакна дека поддршката на меѓународната заедница на напорите на Турција во врска со сириските бегалци е крајно недоволна и на мало ниво

577436
„Поддршката на меѓународната заедница на Турција за бегалците е недоволна и мала“

Министерот за ЕУ и главен преговарач Омер Челик и еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Кристос Стилианидес кој престојува во официјална посета на Турција одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Во оваа прилика Омер Челик истакна дека поддршката на меѓународната заедница на напорите на Турција во врска со сириските бегалци е крајно недоволна и на мало ниво.

Велејќи дека на средбата со Стилианидес ќе се разговара за регионалните кризи и во тие рамки ќе биде разгледана агендата на ЕУ, Челик напомена дека хуманитарната помош и управувањето со кризи претставува еден мошне значаен простор на перцепција на Турција.

Министерот за ЕУ Омер Челик потсети дека Турција на невиден начин во историјата е домаќин на 3 милиони луѓе и нагласи дека државата и граѓанските организации за потребите на овие луѓе досега има потрошено над 25 милијарди долари.

Челик продолжи со следните зборови: „ За жал поддршката на меѓународната заедница на овие напори на Турција е крајно недоволна и на мошне мало ниво. Поддршката на ЕУ од видот 3 милијарди евра + 3 милијарди евра ја дочекуваме со задоволство, меѓутоа имаме критики за механизмите во врска со доставувањето на оваа поддршка на Турција.“

Еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Кристос Стилианидес истакна дека е покрај Турција и турската демократија пред обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули и го изрази своето сочувство за лицата кои го загубија животот за време на обидот за преврат. 

Стилианидес рече: „Ако повториме уште еднаш ЕУ стои покрај демократските институции на Турција.“

Посетувајќи дека престојува во Турција за започнување на проектот ESSN кој претставува најголем хуманитарен проект поддржан од страна на ЕУ, Стилианидес напомена дека овој проект е показател за тоа дека ЕУ е подготвена за поддршка на Турицја пред бегалската криза со која се соочува. 

Еврокомесарот Кристос Стилианидес истакна дека со овој проект кој што нуди финансиска програма за сириските бегалци во Турција ќе бидат обезбедени извори со приходи за 1 милион бегалци и дека ЕУ за овој проект обезбедува финансиски извори во износ од 348 милиони евра.

Привлекувајќи внимание на чекорите кои што ги фрлаат ЕУ и Трција за обезбедување на потребите на бегалците, Стилианидес рече: „За финансиско олеснување за сириските бегалци е постигнат договор во износ од 652 милиони евра.  Од овој износ се исплатени 467 милиони евра.“

Еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи Кристос Стилианидес нагласи дека ги цени напорите на турскиот народ кој е домаќин на сириските бегалци.



Слични вести