Во воздушните операции кај Дијарбакир, Тунџели и Хаќќари убиени уште 8 терористи на ПКК

Во последните реализирани воздушни операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во руралните подрачја на Дијарбакир, Тунџели и Хаќќари се убиени 8 терористи на ПКК

576692
Во воздушните операции кај Дијарбакир, Тунџели и Хаќќари убиени уште 8 терористи на ПКК

Турските вооружени сили (ТВС) продолжуваат да и нанесуваат тежок удар на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во последните реализирани воздушни операции во руралните подрачја на Дијарбакир, Тунџели и Хаќќари се убиени 8 терористи на ПКК.

Во објавеното соопштение од Генералштабот се истакнува дека во реализираната воздушна операција во руралното подрачје на населеното место Лиџе во округот Дијарбакир е убиен 1 терорист, а кај населеното место Хозат во округот Тунџели 1 терорист.

Освен тоа според добиени информации од воени извори, во реализираната воздушна операција во оболаста Келјани кај населеното место Јуксекова во округот Хаќќари се убиени 6 терористи на ПКК.

Бројот на убиените терористи од 4 август досега во населеното место Јуксекова изнесува 41, а во целиот округ Хаќќари 314 терористи.



Слични вести