Турција остро ги осуди засилените напади на режимот и неговите поддржувачи во Алепо

Турското министерство за надворешни работи остро ги осуди воздушните напади на режимот во Сирија и неговите поддржувачи во последните неколку дена во градот Алепо и околината во кои животот го загубија повеќе од 300, а стотици цивили се повредени

576566
Турција остро ги осуди засилените напади на режимот и неговите поддржувачи во Алепо

Турција ги осуди засилените напади на сирискиот режим и неговите поддржувачи врз цивилните населени места во градот Алепо и околината.

Во објавеното писмено соопштение од турското министерство за надворешни работи се истакнува дека остро се осудуваат воздушните напади кои што режимот во Сирија и неговите поддржувачи во последните неколку дена ги засилија во градот Алепо и околината во кои животот го загубија повеќе од 300 цивили, а стотици цивили се повредени.

Во соопштението се вели дека сирискиот режим со овие напади безмислоно го масакрира сопствениот народ и дека во овие напади особено се бомбардираат болниците, станиците за доставување вода и центрите за итни состојби од каде што целосно се обезбедуваат хуманитарните потреби на цивилното население.

„Овие реализирани напади во период кога група земји меѓу кои се наоѓа и нашата земја вложуваат големи напори за ставање во примена на нов прекин на огнот, уште еднаш покажаа дека режимот и неговите поддржувачи немаат намера да се постигне политичко решение во Сирија.“ - се вели во соопштението на турското министерство за надворешни работи и се додава дека овие напади не претставуваат само воено злосторство, туку истовремено претставуваат извршено очајно злосторство против човештвото и тешко прекршување на меѓународното хуманитарно право.   

Во воздушните напади реализирани од страна на режимот на Асад и неговите поддржувачи во Сирија врз цивилни населени места од 19 септември досега загинаа 323-јца цивили, а 1.334 цивили се повредени.



Слични вести