Турските вооружени сили уништија уште 13 цели на ДАЕШ на северот на Сирија

Во рамките на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се уништени уште 13 цели на терористичката организација ДАЕШ

576420
Турските вооружени сили уништија уште 13 цели на ДАЕШ на северот на Сирија

Операцијата Еуфратски штит која што ја започнаа Турските вооружени сили (ТВС) на 24 август во северниот дел на Сирија продолжува.

Во рамките на операцијата се уништени уште 13 цели на терористичката организација ДАЕШ.

На 32-от ден од операцијата сириските опозиционери го зазедоа населеното место Ел Атхаријах.

Турските хаубици Фиртина истрелаа 101 истрел врз 38 цели на терористичката организација ДАЕШ.

Турски воени авиони пак уништија една наоружана позиција со тежок митралез и 12 згради на ДАЕШ. 

На тој начин од почетокот на операцијата Еуфратски штит досега се истрелани вкупно 4.797 истрели врз 1.220 цели на терористичката организација ДАЕШ во северниот дел на Сирија.

Во меѓувреме коалиционите сили уништија едно возило натоварено со експлозив во областа Зејтинлик

Исто така и воени авиони на коалиционите сили им доставија поддршка на сириските опозиционери поддршка во воена опрема.



Слични вести