Свечено отворен генералниот конзулат на Турција во Мајами

Свечено отворен генералниот конзулат на Турција во Мајами во сојузната држава Флорида во САД кој е 235-то дипломатско-конзуларно претставништво

576489
Свечено отворен генералниот конзулат на Турција во Мајами

Турција своето 235-то дипломатско-конзуларно претставништво го отвори во градот Мајами во сојузната држава Флорида во САД.

На свеченото отворање на генералниот конзулат во Мајами присуствуваше и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на кого во оваа пригода од страна на функционерите на локалната самоуправа на Мајами му беше врачен и симболичниот клуч на градот.   

Градоначалникот на Мајами Дејд Карлос Хименез во говорот што го одржа овде нагласи дека гостопримството на турскиот народ уште еднаш беше согледано во политиките кои што се применуваат кон бегалците кои Турција ги згрижува во последните години, а воедно напомена дека и во Мајами исто како и во Турција луѓето од различни национални припадности живеат во соживот.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својот говор истакна дека бројот на дипломатско-конзуларните претставништва на Турција заедно и со генералниот конзулат во Мајами достигна до 235 и дека следната година се има за цел оваа бројка да изнесува над 250.

Чавушоглу исто така напомена дека се водат активности Мајами и Анталја да станат збратимени градови.

По свеченото отворање на генералниот конзулат на Турција во Мајами, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана и со турските граѓани кои живеат во овој дел на САД.



Слични вести