„Се прави се што е неопходно за екстрацијата на челникот на ФЕТО Ѓулен од САД во Турција“

Претседателот Ердоган истакна дека се прави се што е неопходно за екстрадицијата на челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО Фетулах Ѓулен од САД во Турција

576543
„Се прави се што е неопходно за екстрацијата на челникот на ФЕТО Ѓулен од САД во Турција“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од САД во земјата одговараше на прашањата на новинарите и истакна дека се прави се што е неопходно за екстрадицијата на челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО Фетулах Ѓулен од САД во Турција.

Ердоган рече: „Сите документи и информации со кои што располагаме во врска со ФЕТО ги споделивме и продолкжуваме да ги споделуваме со САД. Секој треба да ја покаже потребната чувствителност по прашањето на ФЕТО.Тие не би требало да најдат дупка во која би избегале.“

Правејќи проценка на тврдењата околу тоа дека Ѓулен ќе пребега во трета земја, претседателот Ердоган рече: „Доколку и би отишле во друга земја, тие ќе изгубат. Овојпат ќе ја маркираме таа земја. Најважно од се е тоа што мојот народ веќе ги запозна овие луѓе. Процесот веќе се одвива во нивна штета, а не во нивна полза.“

Претседателот Ердоган се осврна и на операцијата за ослободување на Рака од терористичката организација ДАЕШ во Сирија во врска со што рече: „Ако САД посакат операцијата да ја реализираат со ПЈД, ние како Турција нема да учествуваме во оваа операција. Но доколку во оваа работа не ги вмешаат ПЈД и ЈПГ, ние би можеле оваа борба да ја реализираме заедно со САД.“

Ердоган истакна дека бројот на терористите на ДАЕШ во Сирија изнесуваме некаде околу 10 илјади и дека доколку САД и Турција делуваат заедно можат да стават крај на оваа терористичка организација.

Велејќи дека значајна е поддршката што ќе ја дадат калиционите сили и по прашањето на безбедносната зона, претседателоот Реџеп Тајјип Ердоган рече: „Ние уште од почетокот велиме дека точка на која ќе дојдат е безбедносната зона. Друго решение не постои.“

Во врска со операцијата Еуфратски штит, претседателот Ердоган потсети дека операцијата е започната од Џераблус и дека терористичката организација ДАЕШ бега кон југ.

„Откако ДАЕШ беше принуден да го испразни Џераблус таму потоа се сместени жителите на Џераблус. Сега населението почнува да се враќа и во Менбич. На ист начин се испразнува и Раи. Од ДАЕШ ќе биде спасен и Ел Баб каде што потоа ќе бидат сместени неговите вистински сопственици.“ - истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во авионот на враќање од САД во земјата каде што одговараше на прашањата на новинарите.



Слични вести