„Очекуваме од САД челникот на ФЕТО Ѓулен во најскоро време да го екстрадираат во Турција“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави за „Франс 24“ дека се испратени сите неопходни докази до САД и дека се очекува челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО Фетулах Ѓулен во најскоро време да биде предаден

576426
„Очекуваме од САД челникот на ФЕТО Ѓулен во најскоро време да го екстрадираат во Турција“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интервју за франсукиот информативен канал Франс 24 на едно поставено прашање во врска со екстрадицијата на челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО, Фетулах Ѓул од САД во Турција истакна дека сите вклучувајќи ги и САД знаат оти во позадината на обидот за преврат на 15 јули се наоѓаат  Ѓулен и неговите приврзаници.

Чавушоглу напомена дека се испратени сите неопходни докази до САД и дека се очекува челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО Фетулах Ѓулен во најскоро време да биде предаден.

Велејќи дека законскиот процес започна, Чавушоглу рече: „Од нашите сојузници САД очекуваме да го окончаат овој процес и за што е можно побрзо време да го екстрадираат.“

На прашањето кога ќе биде екстрадиран Ѓул во Турција министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одговори „Одлуката за тоа ќе ја донесе судот.Ние сме оптимисти. Терористите како што е тој немаат свое место во демократските општества.“  

Чавушоглу се осврна и на операцијата Еуфратски штит при што одговарајќи на прашањето до која длабочина на територијата на Сирија ќе се оди рече: „Најпрвин би можеле да одиме најмалку до 45 километри во внатрешноста и тоа мораме да го направиме за да го покриеме подрачјето на Менбич. Потоа ова подрачје де факто би можело да биде безбедносна зона и тоа со површина од околу 5 илјади квадратни километри.“

Освен тоа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека треба да се порази терористичката организација ДАЕШ и во Рака и Мосул.

Чавушоглу нагласи дека примената на зона на забранети летови ќе биде од мошне голема корист за да би можело ова подрачје да остане како безбедносна зона. 

Мевлут Чавушоглу подвлече дека ПЈД во Сирија која се поддржува од страна на САД е терористичка група и рече: „ПЈД/ЈПГ не водат борба за територијалниот интегритет на Сирија. Се обидуваат да формираат сопствена држава и да ги формираат сопствените кантони.“

Во врска со бомбардирањето на хуманитарниот конвој во Алепо на 19 септември, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Бомбардирањето е реализирано од страна на режимот и неговите поддржувачи. Таму никој друг не лета. Таму нема авиони на опозиционерите. Не беа коалиционите сили. Бомбардирањето е реализирано од страна на режимот и сите негови поддржувачи. За да се пронајде кој го направи тоа треба да се покрене транспарентна истрага.“

„Ова е мошне јасно: Конвојот на ОН го бомбардираа режимот и неговите поддржувачи.“ - потенцираше министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за францускиот информативен канал „Франс 24“.



Слични вести