Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во посета на Турција

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во Анкара ќе биде примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим, а ќе оствари средби и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за ЕУ Омер Челик

576752
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во посета на Турција

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон денеска ќе допатува во тридневна посета на Турција.

Џонсон во рамките на своите разговори во Анкара ќе биде примен кај претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и премиерот Бинали Јилдирим, а ќе оствари средби и со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и министерот за ЕУ Омер Челик.

Главна точка на дневниот ред на разговорите ќе биде обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

Освен тоа ќе стане збор и за односите помеѓу Турција и Велика Британија и регионални прашања.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во рамките на својата тридневна посета на Анкара ќе го посети и Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) кое за време на предавничкиот обид за преврат ноќта на 15 јули за прв пат во својата историја беше цел на бомбите.



Слични вести