Ксенофобијата и расизмот во европските земји се искачија на загрижувачко ниво

Експоненцијално расте интензитетот на нападите врз муслиманите и другите малцинства во Западноевропските земји

576315
Ксенофобијата и расизмот во европските земји се искачија на загрижувачко ниво

Министерот за надворешни работи Мевљуд Чавушоглу рече дека непријателството кон странците (ксенофобијата) и расизмот во европските земји се искачија на загрижувачко ниво.

Во рамките на состаноците на генералното собрание на ОН во Њујорк, министерот Чавушоглу учествуваше на состанокот на министерскиот состанок на Групата пријатели на Алијансата на цивилизациите.

Во говорот што го одржа во оваа прилика, министерот Чавушоглу рече дека експоненцијално расте интензитетот на нападите врз муслиманите и другите малцинства во Западноевропските земји и дека само лани, во Европа и Северна Америка биле извршени 108 расистички напади врз Турците.

Терористите и радикалните елементи ја искористуваат поларизацијата во општеството, рече Чавушоглу и додаде:

Нападите не се насочени само врз нашата безбедност, туку истовремено и кон нашата разнообразност, основните придобивки и вредности и хармонија.

Драматичниот пораст што се доживува претставува последица на неконтролираниот прилив не бегалци, рече министерот Чавушоглу и потенцираше дека најголема корист од подемот на расизмот имаат популистичките политичари.

Терористите бараат муслиманите и мигрантите да се изолираат и отуѓат од општеството, рече министерот Чавушоглу и подвлече дека оградените и тесногради и расистички политики, најмногу одат во прилог на терористите.

Во освртот на значењето на образованието, министерот Чавушоглу предложи младите генерации да се подучуваат за толерантноста, емпатија, меѓусебното почитување.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во говорот истакна дека во текот на 10 годишниот мандат направил се што е во негова можност за поддршка на Алијансата на цивилизациите која одигра значајна улога во воспоставувањето на мостови на пријателство во светот.



Слични вести