ФЕТО претставува закана за безбедноста на сите земји, а не само на Турција

И ние од вас бараме еден терорист кој е регистриран согласно стратешкиот документ на Советот за национална безбедност

575484
ФЕТО претставува закана за безбедноста на сите земји, а не само на Турција
cumhurbaşkanı erdoğan abd'de.jpg

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) претставува закана за безбедноста на сите земји, а не само на Турција.

Во рамките на средбите во САД претседателот Ердоган учествуваше на гала вечерата на фондацијата ТУРКЕН.

Во говорот во оваа прилика претседателот Ердоган ја критикуваше Америка во врска со екстрадицијата на челникот на Фетулахистичката терористичка организација паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).

Турција досега ги екстрадираше сите терористи кои ги бараа САД, рече Ердоган и потенцираше дека истата чувствителност ја очекуваме и од САД.

И ние од вас бараме еден терорист кој е регистриран согласно стратешкиот документ на Советот за национална безбедност. Но за жал вие сеуште се спротивставувате на неговата екстрадиција. Што е причината? Барате судска одлука. Каква судска одлука? Зарем за терористите се бара судска одлука?, реагираше Ердоган.

Во обраќањето до САД за извршување на барањето на Турција, претседателот Ердоган рече:

Што било работата. Имал зелена карта. Зарем е толку тешко да се укине зелената карта на едно лице, кога е лесно да им се допземе државјанството.

Претседателот Ердоган во говорот се осврна и на случувањата во Сирија.

Во тој контекст претседателот Ердоган рече дека постојат разлики во погледите меѓу Анкара и Вашингтон. Само пред три дена на ПЈД и ЈПГ им беа доставени два авиони оружје и муниција. Каде беа доставени. Во Кобани. Кога беше испразнет Кобани, на терористите на ПЈД и ЈПГ исто така им беа доставени три авиони оружје о кои половина преминаа во рацете на ДАЕШ, а останата половина премина во рацете на ПЈД и ЈПГ. Со претседателот Обама разговаравме за овие работи, но не не послуша. Сега за жал се игра истата игра. Од оваа работа нема резултат. Ќе има само крвопролевање.

Режимот во Сирија не сака да го изгуби Алепо кој е братски град на Турција. Меѓу турскиот град Газиантеп и сирискиот Алепо има роднински врски. Во што е проблемот знаете ли. Со вршење притисок врз градот Алепо, жителите на овој град да се насочат кон Газиантеп. Затоа ние нема да дозволиме д асе оствари овој план. Турција нема да дозволи да се формира терористички коридор на југот на Турција, рече претседателот Ердоган.

Нашата држава ги брани правата на сите угнетени, а не само на турскиот народ, рече претседателот Ердоган и потсети на говорот што го одржа на Самитот на ОН и ја повтори пораката дека „Светот е поголем од 5-те постојани членки“.



Слични вести