Оглас во весникот „Њујорк Тајмс“ во кој се раскажува за обидот за преврат на 15 јули во Турција

Насловот на огласот објавен во едниот од водечките американски весници „Њујорк Тајмс“ даден од страна на Здружението на турско-американските бизнисмени гласи „Инвестирајте во силната демократија и растечката економија на Турција“

574103
Оглас во весникот „Њујорк Тајмс“ во кој се раскажува за обидот за преврат на 15 јули во Турција

Едниот од водечките весници во САД „Њујорк Тајмс“ објави оглас во кој се раскажува за обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули.

Насловот на огласот даден од страна на Здружението на турско-американските бизнисмени кој што беше објавен на цела страница гласи „Инвестирајте во силната демократија и растечката економија на Турција“.

Во огласот се вели дека ноќта на 15 јули беше извршен удар врз турската демократија и дека оние кои извршија предавство на сопствениот народ се обидоа да насилно да ја преземат народната волја.

Во објавениот оглас на страниците на „Њујорк Тајмс“ се истакнува дека крвавиот обид за преврат беше извршен од страна на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО.

Исто така се напоменува дека по обидот за преврат турската економија стана постабилна и посилна од порано и се упатува повик до бизнисмените да инвестираат во Турција.

Во огласот се вели и следното: „Им се обраќаме на сите меѓународни инвеститори. Дојдете и вие приклучете и се на оваа победа на демократијата. Бидете покрај турскиот народ.“

Во огласот се потсетува дека во Турција има 48 милиони корисници на интернет и 74 милиони корисници на мобилни телефони и се нагласува дека Турција е мост кој што ги поврзува Европа, Евроазија, Блискиот исток и Северна Африка.

Во огласот исто така се подвлекува дека турскиот деловен свет е локомотивата на регионалната економија и регионалниот развој.



Слични вести