„САД не би требало да бидат засолниште за еден терорист како Фетулах Ѓулен“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервју за американската новинска агенција Ројтерс истакна дека САД не би требало да бидат засолниште за еден терорист како Фетулах Ѓулен

573283
„САД не би требало да бидат засолниште за еден терорист како Фетулах Ѓулен“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во Њујорк-САД каде што замина по повод состаноците на 71-то заседание на Генералното собрание на ОН даде интервју за американската новинска агенција Ројтерс.

Ердоган во интервјуто истакна дека САД не би требало да бидат засолниште за еден терорист како Фетулах Ѓулен.

Велејќи дека челникот на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО Фетулах Ѓулен кој се наоѓа во САД треба што поскоро да биде уапсен и дека на крајот на правниот процес треба да биде екстрадиран во Турција,. претседателот Ердоган рече: „Активностите на Фетулах Ѓулен треба да бидат забранети во целиот свет.“

Ердоган воедно нагласи дека од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) би можела да биде продолжена и прогласената тримесечна вонредна состојба по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули.

Во врска со договорот за бегалците пак претседателот Ердоган истакна дека ЕУ не го прави она што и претстои и дека не ги исполнува ветувањата кои што и ги даде на Турција во процесот на преговорите.

Осврнувајќи се на членството на Турција во ЕУ Ердоган подвлече дека Европа треба да биде искрена.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервјуто за американската новинска агенција Ројтерс се осврна и на кризата во Сирија во врска со што истакна дека Бешар Асад нема свое место во периодот на транзиција и нагласи дека треба да се покажува почит кон територијалниот интегритет на оваа земја.



Слични вести