Панел дискусија во САД за обидот за воен удар на 15 јули

Темата на панел дискусијата ќе биде „Анатомијата на неуспешниот обид за воен удар во Турција“

572830
Панел дискусија во САД за обидот за воен удар на 15 јули

Во САД ќе се одржи панел дискусија посветена на обидот за воен удар во Турција на 15 јули.

Панел дискусијата ќе биде организирана од страна на њујоршкиот институт за глобални политики а датумот на нејзиното одржување е предвиден за 23 септември. На дебата се очекува да учествуваат голем број претседатели на влади и на држави,потоа амбасадори, академици, претставници на низа меѓународни организации и асоцијации,претставници на медиумите и на граѓански организации.

Темата на панел дискусијата ќе биде „Анатомијата на неуспешниот обид за воен удар во Турција“.

Модератор ќе биде поранешниот министер за надворешни работи и премиер на Турција Месут Јилмаз.

Излагања на панел дискусијата ќе поднесат американскиот генерал во пензија и поранешен командант на копнените сили Марк Кимкит, професор Хелт Ловри од центарот Ататурк, османлискиот период и современа Турција од универзитетот Принстон и Ѓулнур Алберт шеф на катедрата за политички науки,меѓународни односи и безбедност од универзитетот Бахчешехир.

Учесниците ќе дебатираат за организацијата на припадниците на ФЕТО, за обидот за воен удар, за отпорот на народот за зачувување на демократијата и за последиците на ударот.

Тркалезната маса ќе има извонредно значење за веродостојно информирање на американските медиуми и американската јавност за обидот за воен удар во Турција.

Инаку истовремено оваа организација ќе биде досега нашироката од ваков вид организирана во САД.

Панел дискусијата ќе се одржи во салата на Харвард клубот во Њујорк еден од најпрестижните центри во Њујорк и во САД.



Слични вести