„Успесите во образованието ќе имаат најголем придонес во исполнувањето на целите на Турција за 2023“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека најголемиот придонес во исполнувањето на целите на Турција за 2023 година ќе го обезбедат успесите кои што ќе се постигнат во образованието

572452
„Успесите во образованието ќе имаат најголем придонес во исполнувањето на целите на Турција за 2023“

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод започнувањето на новата учебна 2016-2017 година во која истакна дека најголемиот придонес во исполнувањето на целите на Турција за 2023 година ќе го обезбедат успесите кои што ќе се постигнат во образованието.

Ердоган нагласи дека образованието се наоѓа на чело на сферите кои што се злоупотребуваат најмногу од страна на заканите против Турција по што се осврна на предавничкиот обид за преврат на 15 јули во врска со што рече: „Турција мора да го продолжи својот пат со интензивно надминување на пропустите за кои што е установено дека ги има во образовниот систем и кои беа злоупотребени од страна на предваничките чети кои учествуваа во обидот за преврат на 15 јули.“

„Во оваа точка како државата и народ треба многу добро да се застане во одбрана на нашите училишта, нашите просветни работници (учители, наставници и професори), учениците, како и наставната програма и книгите кои го обликуваат умствениот свет на нашите деца“, потенцира Ердоган.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на крајот на својата порака што ја објави по повод по повод започнувањето на новата учебна 2016-2017 година го додаде следното: „Генерациите кои многу добро ќе го знаат своето минато, ќе владеат многу добро со сегашноста и ќе имаат многу големи соништа и идеали за во иднина претставуваат гаранција и за нашите визии за 2053 и 2071 година.“

Ердоган посака новата учебна година да биде ајирлија и да помине со постигнување на големи успеси.



Слични вести