Пораки од државниот врв по повод 19 септември Денот на газиите

Државниот врв на чело со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави пораки по повод 19 септември Денот на газиите во кои беше ставено акцент на значењето на термините шехид и газија

572558
Пораки од државниот врв по повод 19 септември Денот на газиите

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во пораката што ја објави по повод 19 септември Денот на газиите напиша: „Ние сме деца на еден народ кој постојано е во потполна готовност за својата независност и иднина.“

Истакнувајќи дека народот кој во минатото во војните застана во одбрана на својата независност и иднина денеска продлжува да води борба против тероризмот кој посегнува по спокојството на Турција, Ердоган рече: „Тоа што овој честит народ по цена и на својот живот го спречи обидот за преврат на 15 јули и застана во одбрана на сопствената волја, претставува најзначаен показател за тоа колку е значајна свеста за терминот ’газа’ (борбата за верата и татковината).“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака нагласи дека оваа татковина ни е оставена во аманет од страна на нашите шехиди и газии, а воедно ја изрази и својата благодарност до сите јунаци.

Премиерот Бинали Јилдирим во својата порака што исто така ја објави по повод 19 септември Денот на газиите нагласи дека да се стане шехид и газија претставува најголема чест и понос за турскиот народ.

Јилдирим рече: „Оваа рајска татковина во која веќе илјада години живееме во мир, братство и спокојство ни е оставена во аманет од страна на нашите шехиди, газии и сите наши јунаци.“

Министерот за одбрана Фикри Ишик во својата порака им го честита денот на јунаците кои за одбрана на братството и единството покажувајќи голема храброст и самопожртвуваност станаа газии. 

Велејќи дека тогаш кога досега се соочивме со безброј тешкотии како внатре во земјата така и надвор од земјата народот секој пат ги преброди сите нив со елан, одлучност и јунаштво, Фикри Ишик нагласи дека исто така и за време на предавничкиот обид за преврат ноќта на 15 јули турскиот народ кој презентираше пример на солидарност рамо до рамо со јуначките војници и полицајци се испречи пред пучистите.

Министерот Фикри Ишик напомена дека Турција пристигна до денешни денови благодарение на самопожртвуваноста на оние кои таа ноќ се издигнаа до степенот на шехиди и газии.

Началникот на Генералштабот генерал на армија Хулуси Акар во својата порака истакна дека на 95-годишнината од доделување на чинот „маршал“ и титулата „газија“ на Гази Мустафа Кемал Ататурк, основоположникот на Република Турција и вечен врховен командант на Турските вооружени сили, ги споменува со благодарност јунаците кои по цена на својот живот ги одбранија неделливоста на татковината, опстанокот на државата и единството на народот, тргнаа на пат за да станат шехиди и се издигнаа до степенот на газии.

Генерал на армија хулуси Акар истакна дека особено на 15 јули секое чедо, секој војник, секој полицаец и секој цивил припадник на турскиот народ поаѓајќи од мислата „Кога е во прашање татковината сето друго е подробност“ без било какво двоумење или воздржаност го жртвуваше својот живот за татковината. 

 



Слични вести