Почина војникот кој беше ранет во нападот на терористите на ПКК кај Хаќќари

И покрај сите напори на лекарите војникот кој беше повреден во вчерашниот напад на терористите на ПКК во руралното подрачје кај Хаќќари им подлегна на раните и почина

572430
Почина војникот кој беше ранет во нападот на терористите на ПКК кај Хаќќари

Војникот кој беше повреден во вчерашниот напад на терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во руралното подрачје на селото Агачдиби во округот Хаќќари, и покрај сите напори на лекарите им подлегна на раните и почина во болницата каде што беше префрлен на лекување.

Во вчерашниот кукавички напад на група припадници на терористичката организација ПКК во руралното подрачје на селото Агачдиби кај Хаќќари во кој животот го загубија тројца војници, а 4 војници беа повредени.

Потоа во реализираните операции со поддршка од воздух во областа беа убиени 5 мина терористи на ПКК.



Слични вести