Турските артилериски единици погодија 26 цели на ДЕАШ на северот на Сирија

Во рамките на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија се истрелани 72 истрели врз 26 цели на терористичката организација ДЕАШ

571766
Турските артилериски единици погодија 26 цели на ДЕАШ на северот на Сирија

Во рамките на операцијата Еуфратски штит која се реализира од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Сирија во близина на границата на Турција се неутрализирани уште 5 мина терористи на ДЕАШ.

Во објавеното соопштение од страна на Турските вооружени сили (ТВС) се истакнува дека на воздушната операција која се реализира во подрачјето помеѓу Азез и Раи е доставена поддршка со истрели од артилериско орудие и се истрелани 72 истрели врз 26 цели на терористичката организација ДЕАШ.

На тој начин досега во рамките на операцијата Еуфратски штит се истрелани вкупно 2.327 истрели врз 553 утврдени терористички цели на ДЕАШ.

Во воздушната операција која е реализирана од страна на коалиционите сили против утврдени цел во 4 области пак се неутрализирани 5 припадници на терористичката организација ДЕАШ, а се уништени и 5 згради и една позиција со хаубица.

Од друга страна Турските вооружени сили (ТВС) во рамките на операциите кои што ги реализираат и внатре во границите на земјата продолжуваат да ги уништуваат утврдените цели и на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во близина на населеното место Чукурџа во округот Хаќќари со истрели од хаубици се неутрализирани тројца терористи на ПКК.



Слични вести