САД: Нашата поддршка на Турција во борбата против ДЕАШ ќе продолжи

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест истакна дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Турција во нејзините чекори кои што ги презема во борбата против терористичката организација ДЕАШ

571821
САД: Нашата поддршка на Турција во борбата против ДЕАШ ќе продолжи

САД истакнаа дека ќе продолжи поддршката на воените чекори кои што ги презема Турција на патот за исчистување на својата граница со Сирија од терористичката организација ДЕАШ.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест на одржаната редовна дневна конференција за претставниците на печатот направи проценка во врска со чекорите кои што ги презема Турција во рамките на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија, во близина на својата граница со оваа земја.

Велејќи дека САД ги поддржуваат чекорите кои што ги презема Турција на патот за исчистување на својата граница со Сирија од терористичката организација ДЕАШ, Ернест рече: „Има низа патишта по кои што САД ќе и достави поддршка на Турција и едниот од нив се американските специјални копнени сили.“

Џош Ернест нагласи дека ќе продолжи поддршката на неговата земја на Турција во нејзината борба против терористичката организација ДЕАШ.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест особено укажа на значењето од исчистување на терористичките елементи од турската граница за што побрзо ставање крај на терористичката закана на ДЕАШ кон Турција.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Џон Кирби на редовната дневна конференција за претстваниците на печатот исто така се осврна на чекорите кои што ги презема Турција во рамките на операцијата Еуфратски штит во северниот дел на Сирија во врска со што рече: „Ги поддржуваме напорите на Турција за воспоставување на безбедноста на своите граници и веруваме дека досега овие нејзини напори се успешни.“

Кирби додаде дека САД ги поддржуваат сите чкрои на земјите членки на коалицијата чија заедничка цел е да се уништи терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести