Потребите од леб на Џераблус се обезбедуваат од мобилна фурна во Каркамиш-Турција

Се додека да почнат повторно да работат оштетените фурни потребите од леб на народот во населеното место Џераблус чиј број изнесува над 25 илјади ќе се обезбедуваат од страна на мобилната фурна поставена во Каркамиш кај Газиантеп

572166
Потребите од леб на Џераблус се обезбедуваат од мобилна фурна во Каркамиш-Турција

Потребите од леб за подрачјето на Џераблус во Сирија се обезбедуваат од Турција.

Со секој поминат ден се повеќе се интензивира враќањето во населеното место Џераблус кај Алепо кое со операцијата Еуфратски штит е исчистено од терористичката организација ДЕАШ.

Се додека да почнат повторно да работат оштетените фурни потребите од леб на народот во населеното место Џераблус чиј број изнесува над 25 илјади ќе се обезбедуваат од страна на мобилната фурна поставена во населеното место Каркамиш.

Во мобилната фурна поставена во населеното место Каркамиш кај Газиантеп од страна на локалната самоуправа на Анкара 11 работници од кои 8 Сиријци дневно произведуваат 10 илјади леба.

Надлежни истакнуваат дека ако затреба капацитетот на производство на леб дневно може да се зголеми и на 20 илјади леба.



Слични вести