Пораки од државниот врв по повод 55-годишнината од погубувањето на Аднан Мендерес

Претседателот Ердоган и премиерот Бинали Јилидрим објавија пораки по повод 55-годишнината од погубувањето на премиерот Аднан Мендерес, додека министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу учествуваше на одржаната церемонија на неговиот спомен гроб

572145
Пораки од државниот врв по повод 55-годишнината од погубувањето на Аднан Мендерес

Претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 55-годишнината од погубувањето на премиерот Аднан Мендерес на 17 септември 1961 година.

Претседателот Ердоган истакна дека покојниот премиер Аднан Мендерес секогаш ќе се споменува со добро со неговите заслуги и услуги за својата земја и својот народ.

Нагласувајќи дека премиерот Аднан Мендерес беше еден од истакнатите личности кои го удрија својот белег на историјата на демократијата на Турција и во својата порака напиша: „Истакнатиот државник Аднан Мендерес кој одигра значајна улога во развојот, напредокот и демократизацијата на нашата земја остави неизбиршливи траги во нашиот политички живот и во срцето на нашиот народ.“

Претседателот Ердоган му посака милост од Аллах на Аднан Мендерес на 55-годишнината од погубувањето на Аднан Мендерес кој во периодот од 1950-1960 година ја извршуваше функцијата премиер на Турција.

Порака по повод одбележувањето на 55-годишнината од погубувањето на премиерот Аднан Мендерес објави и премиерот Бинали Јилидирим во која истакна дека Аднан Мендерес беше државник кој ја предводеше Турција во нејзината историска трансформација за да се стекне со попросперитетна, подемократска и помодерна структура.

Јилдирим  привлече вимание дека Мендерес го положи својот живот на патот на услугата на својот народ и својата земја.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу пак учествуваше на церемонијата што се одржа на спомен гробот на премиерот Аднан Мендерес на 55-годишнината од неговото погубување заедно и со тогашниот министер за надворешни работи Фатих Рушту Зорлу и министерот за финансии Хасан Полаткан со кои по воениот удар на 27 мај 1960 година беа изнесени пред воен суд на островот Јассиада, а потоа беа обесени.

Велејќи дека секоја година на 17 септември од денот на изградба на овој спомен гроб овде се одржува церемонија во знак на сеќавање на овие тројца шехиди за демократија, но дека денеска се овде се одржува церемонија со една поразлична гордост, Сулејман Сојлу привлече внимание на тоа дека заградата која што беше отворена на 27 мај турскиот народ ја затвори на 15 јули. 

Сојлу рече дека денеска јасно се знае кои се наоѓаа во позадината на обидот за воен удар на 15 јули и кои го поддржуваа овој обид.

„15 јули нам ни создаде една огромна иднина и отворената заграда на 27 мај овој народ ја затвори на 15 јули со сопствени раце и тоа на поносен и благороден начин.“ - потенцираше министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.



Слични вести