„Наш долг е тероризмот да го извадиме од дневниот ред на Турција“

Премиерот Јилдирим истакна дека тероризмот не е судбина на Турција и дека долг на владата е тероризмот да биде изваден и кренат од дневниот ред на Турција

571869
„Наш долг е тероризмот да го извадиме од дневниот ред на Турција“

Премиерот и претседател на Партијата за правда и развој АКП (АК Партијата) Бинали Јилдирим вчера го посети градскиот огранок на својата партија во градот Ерзурум каде што учествуваше на церемонијата за војниците кои загинаа во завчерашниот напад на терористите на ПКК врз воените пунктови на селските чувари во месноста на селото Ѓокчебулак на планината Тендурек во населеното место Догубајазит во округот Агри.

Премиерот Јилдирим во оваа прилика истакна дека ноќта на 15 јули не беше настан кога само беше покажен отпор и отфрлен обидот за воен удар, туку беше ноќ и настан кога беа распознаени пријателите и непријателите.

Јилдирим рече: „Тероризмот не е судбина на Турција. Наш долг е тероризмот да го извадиме и кренеме од дневниот ред на Турција. Ќе зборуваме за деца кои одат на училиште, а не за деца кои излегуваат на планина.“

Премиерот Бинали Јилдирим нагласи дека оние кои застануваат во одбрана на сепаратистичко-терористичката организација наскоро ќе се покајат поради тоа.

Укажувајќи на тоа дека терористичката организација не води никаква грижа за Курдите, Јилдирим продолжи со следните зборови: „Проблемот е во тоа што Курдите имаат проблем со терористичката организација. Ќе ги исклучиме да не стојат повеќе помеѓу народот и државата, и овој проблем и терористичката организација и нејзините продолжетоци. На тој начин ќе го продолжиме нашиот пат.“

Осврнувајќи се и на обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО на 15 јули, премиерот Бинали Јилдирим рече: „Ноќта на 15 јули не беше настан кога само беше покажен отпор и отфрлен обидот за воен удар, туку беше ноќ и настан кога беа распознаени пријателите и непријателите. Им нанесовте удар на оние кои се обидоа да извршат воен удар.“

Велејќи „Нашите територии ќе ги чуваме како зеницата во нашето око, а ќе го уништиме трнот во нашето око“, премиерот Јилдирим својот говор го заврши со следните зборови: „Се додека кај нас постои тој дух од 15 јули, не може да ни наштети никој и ниту една сила во светот.“



Слични вести