Домаќин на Европската конференција на претседателите на парламенти во 2018 година ќе биде Турција

Домаќин на конференцијата на претседателите на парламентите на земјите членки на Советот на Европа во 2018 година ќе биде Турција.

571955
Домаќин на Европската конференција на претседателите на парламенти во 2018 година ќе биде Турција

Заврши конференцијата на парламентите на земјите членки на Советот на Европа која што се одржува еднаш на две години и чиј домаќин оваа година беше францускиот град Стразбур.

На конференцијата на која земјата ја претставуваше претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман беше нагласено значењето на соработката против омразата и расизмот.

Глобалните кризи зазедоа широко место на дневниот ред на конференцијата, додека излагањата беа посветени на мигрантската криза, проблемите со човековите права и етичките прекршувања предизвикани од оваа криза, непријателството кон странците и кривични дела кои произлегуваат од омразата и активностите против исламот.

На затворањето на конференцијата претседателот на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа Педро Аграмунт истакна дека домаќин на следната конференција која што ќе се одржи во 2018 година ќе биде Турција.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Исмаил Кахраман во говорот што го одржа се заблагодари, го изрази своето задоволство од учеството на оваа конференција и истакна дека Турција ќе биде поносна и радосна поради тоа што ќе биде домаќин на следната конференција што ќе се одржи во 2018 година.

Кахраман истакна дека Турција која се наоѓа меѓу основачките земји на Советот на Европа воедно е една од земјите кои придонесуваат најмногу во буџетот на организацијата, а со цел зголемување на нејзиниот оперативен капацитет.

Исмаил Кахраман додаде дека Турција ќе продолжи да ги доставува своите ефикасни, конструктивни и одлучни придонеси во работата на Советот на Европа.



Слични вести