Бинали Јилдирим: Тероризмот ќе биде поразен со заеднички сили

Премиерот Бинали Јилдирим изјави во селото Сомкаја кај населеното место Догубајазит во округот Агри дека тероризмот ќе биде поразен со заеднички сили

572017
Бинали Јилдирим: Тероризмот ќе биде поразен со заеднички сили

Премиерот Бинали Јилдирим остварува посети на семејствата на загинатите во реализираниот напад од страна на терористите на ПКК на воените пунктови на селските чувари во месноста на селото Ѓокчебулак на планината Тендурек на границата помеѓу населеното место Догубајазит во округот Агри и населеното место Чалдиран во округот Ван.

Бинали Јилдирим првата посета за оствари на семејството на сагинатиот селски чувар во селото Сомкаја кај населеното место Догубајазит во округот Агри и во говорот што го одржа овде истакна дека единственото што го знаат терористите е да убиваат.

Јилдирим нагласи дека тероризмот ќе биде поразен со заеднички сили.

„Никако да не им ги оставиме овие места на овие натрапници. Не постои ништо кое што би можеле да го направат овие за нашата татковина, нашата иднина и за нашиот човек. Заеднички ќе се справиме со нив. Ќе застанеме во одбрана на аманетите кои што ни се оставени од страна на нашите шехиди.“ - рече премиерот Бинали Јилдирим.

Нагласувајќи дека шехидите спокојно ги жртвуваат своите животи за одбрана на воие територии и дека ако зетреба сите ќе ги положат своите животи, Јилдирим напомена дека овие територии нема да им бидат отстапени на овие подли и кукавици кои се маша во рацете на надворешните сили.

Премиерот Бинали Јилдирим ќе ги посети и повредените во терористичкиот напад чие лекување продолжува во болниците каде што се префрлени, а воедно ќе се состане и со војниците кои водат борба против тероризмот.

Притоа Јилдирим ќе биде информиран во врска со операциите кои што продолжуваат во рамките на борбата против тероризмот во подрачјето.

Премиерот Бинали Јилдирим вчера во градот Ерзурум учествуваше на церемонија за двајца селски чувари кои загинаа во нападот на терористите на ПКК врз воените пунктови на селските чувари во месноста на селото Ѓокчебулак на планината Тендурек во населеното место Догубајазит во округот Агри.



Слични вести