Во напад на терористите помеѓу Агри и Ван животот го загубија 7 селски чувари и еден постар водник

Во реализиран напад од страна на група терористи на ПКК во подрачјето на планината Тендурек помеѓу окрузите Агри и Ван животот го загубија 7 селски чувари и еден постар водник, а четворица војници и двајца цивили се повредени

571292
Во напад на терористите помеѓу Агри и Ван животот го загубија 7 селски чувари и еден постар водник

Припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК реализираа напад на воените пунктови на селските чувари во месноста на селото Ѓокчебулак во подрачјето на планината Тендурек на границата помеѓу населеното место Догубајазит во округот Агри и населеното место Чалдиран во округот Ван.

Во вооружената престрелка до која дојде по нападот животот го загубија 7 селски чувари и еден постар водник, а четворица војници и двајца цивили се повредени.

По воооружената престрелка утврдените терористички цели беа гаѓани со топовски истрели. 

Во подрачјето е започната и операција поддржана од воздух.

Повредените се префрлени во Државната болница во Догубајазит во округот Агри.



Слични вести