Турција на прво место меѓу земјите кои прифатија најголем број бегалци во светот

Директорот на Информативниот центар на ОН (UNIC) во Мароко Фетхи ед-Дебаби истакна дека според податоците на ОН Турција во првата половина од минатата година прифати повеќе од 1 милион 838 илјади бегалци

571566
Турција на прво место меѓу земјите кои прифатија најголем број бегалци во светот

Турција се наоѓа на прво место меѓу земјите кои прифатија најголем број бегалци во светот.

Директорот на Информативниот центар на ОН (УНИЦ) во Мароко Фетхи ед-Дебаби пред самитот на ОН за бегалци и мигранти за кој се планира да се одржи идниот понеделник во Њујорк во САД одржа конференција за претставниците на печатот во главниот град на Мароко Рабат. 

Фетхи ед-Дебаби рече: „Турција е на прво место во светот по прашањето на прифаќање на бегалците. Според податоците на ОН Турција во првата половина од минатата година прифати повеќе од 1 милион 838 илјади бегалци. По неја со 1,5 милиони бегалци следат Пакистан, Либан, Ирак, Етиопија, Јордан, Кенија, Уганда, Чад и Судан.“

Веелјќи дека на секоја минута во светот 24 луѓе се принудени да се преселат и да станат бегалци и мигранти, директорот на Информативниот центар на ОН (УНИЦ) во Мароко Фетхи ед-Дебаби истакна дека за прв пат ќе се одржи самит со цел да се привлече внимание на состојбата за која станува збор.

Самитот на ОН за бегалци и мигранти се планира да се одржи идниот понеделник во Њујорк во САД.



Слични вести